Од денес трговците сами ги одредуваат цените на горивата

Трговците со нафтени деривати од денеска сами можат да ги определат малопродажните цени на горивата.

 

Новите цени граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Договорот со Хеленик петролеум, според кој Регулаторната комисија ги утврдуваше цените на дериватите истече, а новата регулатива по која во иднина ќе треба да се одредуваат цените заглави во собраниските лавиринти.

 

Трговците најмалку една недела самите ќе ја одредуваат малопродажната цена.

 

Инаку, најголемиот трговец на нафта и нафтени деривати во земјава, Макпетрол веќе ги скрои новите цени. Бензините, 95 ка и 98 цата  ќе ги продава поевтино за еден денар односно ќе чинат 71 и 73 денари. Дизелот поскапува за половина денар, и од полноќ ќе се продава по 64 денари за литар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien