На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности, соопшти премиерот Зоран Заев.
„Со оваа одлука на Владата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година. Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата. Им честитам на културните работници и уметници за заслуженото, продолжуваме да работиме на подигањето на стандардот во културата. Културата е еден од столбовите на нашето заедничко општество“, додаде премиерот на Македонија.
Извор: Фокус