Специјалнaтa обвинителка, Катица Јанева, во изјава за новинарите рече дека ќе остане на чело на СЈО до крајот на нејзиниот мандат не затоа што сака, туку затоа што смета дека тоа го заслужува.
Таа рече дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која што ниту држи вода, ниту е на место и нема основа.
Според актуелниот Закон за СЈО, мандатот на Јанева ѝ истекува на 15 септември, а во случај да се донесе нов закон за Јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО, тогаш нејзината функција продолжува.
Специјалната јавна обвинителка исто така истакна дека задачата на СЈО како орган е да гони, а за разрешница на предметите одговорност треба да се бара во судовите. Предметите на СЈО што се во судовите, како што рече, се предадени на 1 јули 2017 година.
„Оттогаш поминаа речиси две години, а имаме и обвинителни предлози од 15 септември 2016 година за кои нема првостепени одлуки. Вината за тие работи треба да ја барате во судовите“, посочи Јанева.