ВИДЕО – Стојаноски : Партиско-полициски структури од власта во Прилеп вршат притисок да ми го земат објектот под кирија

Јас сум Киро Стојаноски од Прилеп, сопственик на пабот во градското централно подрачје, на ударно место, рекреативен кафич, угледен и елитен. Даден ми е пред три години на лицето Бисерко Тркља, човекот си работи, навреме си плаќа струја, вода, нормално се. Ова денеска на прес конференциија го истакна Киро Стојаноски, сопственик на објектот каде се наоѓа „The Gallery House Pub“. Тој денеска излезе со големи обвинувања за тоа дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Пред година и нешто му пуштија на Тркља некои луѓе, структури од Прилеп, полициско-политички да го натепаат. Кога ги пријави во полиција, исто тие политички и полициски структури го убедуваа да ја смени изјавата. Кога ја смени изјавата човекот, од страв, не знам зошто ја смени изјавата, потоа на сам ден Нова година потплатија некој деликвент да му го запали објектот.

 

Штета направија од 150.000 евра на Бисерко Тркља, лицето што го запали објектот беше притворено, по име Никола Трајкоски – Коколе, кратко време беше во притвор. За таква голема штета што се направи во град Прилеп, што можеше да изгори цела стара чаршија која е заштитена со закон, благодарение на брзата интервенција на пожарната екипа, го изгаснаа објектот, но штетата беше преку 150.000 евра. Судска развршница нема.

 

Палачот што го запали објектот Никола Трајкоски – Коколе се шета низ градот и сега последно пред два дена што се случи, без судски налог, без извршно решение, во 8 часот наутро му го собраа сиот инвентар, за 45.000 денари што должел од ланска година. Јас бев приватно Охрид со мојата сопруга, кога ми се јави дечко што работи во кафиќот дека почнале да ги креваат столиците.

 

Јас му се јавив на Благоја Димески, вработен како раководител во локалната самоуправа, работи како комунален инспектор, кажав дека сум во Охрид и ако должи пари, јас ќе му позајмам да го плати долгот и се да се реши нормално, на демократски начин. Ми рече дека не можел тоа да го направи, имал наредба од повисока инстанца, ги викнале тракторите и ја кренаа цела бавча.

 

Потоа му се јавив на пратеникот Хари Локвенец, што многу го почитувам и ценам, дали може нешто да ми помогни. Тој рече немал никаква моќ да помогни, тоа е тоа.

 

Сега јас сум сигурен, бидејќи денеска ми се јави лице од полиција, се претстави со име и презиме, ми го бараше објектот под кирија да го земел наводно. Јас му кажав дека објектот повеќе нема да го дадам на физичко лице под кирија, затоа што политички и полициски структури прават опструкции, сопки и интриги, со се и сешто се занимаваат, само да остават 10 луѓе што работеа како персонал, млади деца ги избркаа на улица, да бидат или под Заводот за вработување, или да заминат во Германија.

 

Сигурен сум дека има и политичка и полициска позадина, можеби не дирекно за мене, но индирекно и јас сум оштетен, затоа што јас од тоа егзистирам, немам друга егзистенција. Јас сум даночен обврзник на Република Македонија, редовно плаќам даноци, придонеси, сите обврски према државата, зошто ова го прават јас не знам. Мислам дека најмногу го прават затоа што кафичот е на ударно место, сакаат да прават пари. Ако чекаа 12 години да дојдат на власт и да продаваат сок и кафе и да печалат од тоа, тоа е друга работа.

 

Овој господинот тука е министер за транспорт и врски, има четири објекти во градов. Овде брза помош да падни човек не може да помини овде, да му се снеарни на човек не можат да го кренат. Го окупираа цел град, за нив живот има, за обичниот човек буквално нема живот. И тоа е тоа. Јас мислам дека денеска ова беше капак, ми праќаат повеќе луѓе да се јавуваат на телефон. Јас немам истакнато на објектот дека го давам под кирија.

 

Почитуваниот премиер Зоран Заев, кој го почитувам многу, ако сака да ме повика во Скопје да појдам и да му ги наредам по име и презиме сите, ршум направија во градов, нема човек што не е рекетиран, нема фирма што не е рекетирана од одредени луѓе во градов. Не зборувам за некои обични криминалци, зборувам за структури од локалната власт, поврзана со полициската власт. Ако ме повика со име и презиме сите ќе му ги кажам.

 

Тоа е тоа, немам друго што да кажам. Објектот на приватно лице нема шанса повеќе да го дадам, нека стои заклучен. Единствено го повикувам господинот Али Ахмети, ако сака, можам да му го дадам да отвори канцеларија во Прилеп, штаб на ДУИ, да стават албански знамиња и тоа е тоа. Се виде, друго нема тука“, истакна Стојаноски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи