Параглајдеристот Миле Јованоски трет на Mavrovo EUPO KUP 2019

И во третото коло од Европската лига во параглајдерство, кое викендов се одржа во Маврово, повторно развиорено македонското знаме. Прилеп и Македонија повторно докажаа дека имаат спортисти од европски и светски карактер. Ако минатиот викенд, Борјан Јованоски го развиори знамето, освојувајќи го второто место во Албанија, сега неговиот татко, Миле Јованоски, го освои третото место во Маврово.

 

Имено, членот на параглајдинг клубот “Делта”, го освои третото место до 17цм., а прво и второ место беа Словенците Матијаж Слуга со 11цм. и Јака Горенц со 16цм.

 

Не заостанува ниту Борјан, кој овој викенд стигна до високото шесто место во конкуренција од над 40 пилоти од Европа. Покрај тоа, тимот на Миле и Борјан Јованоски, заедно со Чехот, Камил Koнечни, го освои второто место во екипна конкуренција.

 

Наредното коло од Евро лигата е во Романија, а ќе се одржи од 6-9 јуни.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien