Двајцата прилепчани Филип Илиоски и Христијан Мојсоски денеска ја поминаа и третата етапа од нивната велосипедска тура – „Bike tour Bosphorus“. Утре, четвртиот ден од нивната тура планираат до возат до Текирдак, некаде 150 километри пред Истамбул, а другиден илии петтиот ден од турата да го поминат Босфорот.
„Денеска поминавме 175 со силен ветар. На неко места навигацијата не водеше по off road, низ кал и вода и на едно место дојдовме и до река каде немаше мост па моравме да бараме премин, но успеавме. Приистигнавме во Александрополис, а утре продолжуваме за Турција“, велат Филип и Христијан.
Инаку тие планираата за 5 дена да помината над 800 км. од Прилеп до Истанбул со велосипеди, а назад да се вратат со автобус. Тие ќе бидат првите приилепчани кои поминале со велосипеди толкава дестинација за само 5 дена.