Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, очекува дека годинава Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија и до крајот на годинава да бидат отворени две поглавја.
„Станува збор за поглавјата 23 и 24 и јас се надевам дека тоа ќе се случи. Работиме напорно да дадеме зелено светло за почеток на преговорите“ , рече Хан.
Хан во обраќањето на дебатата „Нови перспективи за Република Северна Македонија“ во организација на Виенскиот економски форум, кажа дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.
Еврокомесарот порача дека без решавање на билатералните проблеми нема членство во ЕУ.
124