Васил Јанкула на средба со претседателот Пендаровски

Васил Јанкула кој својот трицикл успеа за само 7 дена да помине над 800 км. обиколувајќи ја цела Западна Македонија денеска беше примен од Претседателот Стево Пендаровски. На средбата присуствуваа и тренер на Васил, Тони Ангеловски, кој исто така возеше велосипед за целото време, како и неговиот брат Иле Јанкуловски и другарот Никола Кузманоски кои ги пратеа со возило. Васил е лице со церебрална парализа кој со овој подвииг докажа дека „Сите сме исти“.

 

„Денес, мој драг гостин беше Васил Јанкула, момче со церебрална парализа кое во придружба на својот тренер и двајца браќа извозе 800км за 8 дена, сè со цел да ја крене свеста за перцепцијата на лицата кои живеат со ваква состојба.

 

Васил, со својот подвиг докажа дека #СитеСмеИсти, сака да работи во својот град Ресен исполнувајќи го својот сон, еден ден да оформи свое семјство. Тој со својот трицикл, кој бил изработен специјално за него во Кавадарци, извозел од Ресен кон Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, а го искачил во тешки временски услови превојот кон Маврово и Дебар, па продложил кон Охрид и Струга.

 

Васил Јанкула ни покажа на сите една многу важна работа, истрајноста е најважна, нема откажување!“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien