Павле Богоевски поднесе оставка

Facebook
Twitter
Email
Print

Пратеникот од редовите на СДСМ и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, објави дека се повлекува од пратеничката функција. Неговата објава ја соопштил за време на седницата на Комисијата каде на двневен ред е дискусија околу одземањето на мандатот на Никола Груевски.

 

„Гласот за одземање на мандатот на Никола Гуеврски ќе биде моето последно гласање во ова Собрание. Таа одлука ја донесов во моментот кога сам се пријавив во полициска станица. Не ви посакувам да бидете во ситуација за близок член од семејството да треба да нарачувате нешто што јас го набавувам, а тоа е масло од канабис. Очекувам органите на прогонот да го испитаат ова мое тврдење до крај. Одлуката ја соопштувам сега затоа што чекав да видам до каде ќе отиде целата јавност после оваа ваша хајка, само за да го спасите вашиот лидер во бегство. Јас ќе си ја гушнам моралната одговорност“, рече Богоевски од говорницата.

 

„Не може пратеник кој што се борел за правда и за еднаквост на правото, без разлика на причините да ги крши законите. Затоа ќе поставам пример кој се надевам сите ќе го следат. Каде етиката и моралот ќе бидат над желбата за функцијата и како што некој пријатели на социјалните мрежи напишаа„Ќе си ја гушнам одговорноста и ќе се ги понесам последиците.Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра“, додаде Богоевски.

 

Оставката на Богоевски следува по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор во која се слуша како нарачува забранета супстанција. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок член од семејството кој боледува.

 

Богоевски рече дека ја дава оставката сега, а ќе стапи во сила по гласањето на пленарна седница за одземање на пратеничкиот мандат на шест месеци неоправдано отсутниот Никола Груевски. По објавувањето на оставката седницата на комисијата ја води заменичката Снежана Калеска Ванчева.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи