ВИДЕО – По 14-ти пат во Прилеп се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“, учесниците бараат подобра велосипедска инфраструктура

По традиционален 14-ти пат во Прилеп по повод празникот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“, чија цел е промоција на велосипедите, заштитата на животната средина и здравиот начин на живот. Инаку ова е најстара велосипедска манифестација во Македонија. Граѓаните пак бараат Општината и државата да ја подобрат велосипедската инфраструктура.

 

 

Велосипедот да се користи што е можно повеќе, а локалната и државата да даваат субвенции на оние кои сакаат да купат точаци. Само така ќе го зголемиме бројот на велосипеди, а ќе се намали бројот на моторни возило и нема да се загадува воздухот“, вели еден од учесниците на велосипедската тура.

 

„Јас го користам велосипедот нон стоп, постојано сум со него. А би требало да има повеќе велосипедски патеки, за да биде послободно возењето, да нема вака препреки од паркираните возила“, истакна друг учесник на велосипедската тура.

 

Оваа ректреативна тура е долга 20 км. Околу 500 учесници денеска од Прилеп се упатија кон спортскиот аеродром во селото Мало Коњари и потоа се вратија назад.

 

Ова е најстара манифестација од велосипедки карактер. Од неа излегувале таленти кои потоа се приклучувале во велосипедскиот клуб „Илинден“ како натпреварувачи“, рече Драган Димитриоски, организатор на манифестацијата.

 

„Тренирам неколку месеци, секој ден возам и вежбам кондиција“, вели еден млад учесник на турата.

 

„Три години по ред учествувам на оваа манифестација, возиме за рекреација“, кажа друг прилепчанец.

 

Прилеп за жал скоро и да нема велосипедска иинфраструктура, а од Општината ветија дека со нејзина изградба ќе се започнело оваа година.

 

Оваа годиина ќе се реновира и реконструира булеварот „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Прилепски бранители“, каде ќе се направат велосипедски патеки. Штом воспоставиме поголема мрежа на велосипедски патеки во градот, се надевам дека уште од наредната година ќе дадеме субвенции за велосипеди“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Како и секоја година награди добија најмладиот и највозрасниот учесник на оваа рекреативна велосипедска тура.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи