Мотоциклист тешко повреден во сообраќајкa

Педесетиедногодишен прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во Прилеп на улицата „Иво Лова Рибар“.

 

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил “БМВ“ управуван од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

 

Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската болница во Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien