Над 15.000 матуранти ќе полагаат државна матура

За полагање на државна матурата годинава се пријавени вкупно 15.553 ученици, од кои 7692 се од гимназиско образование, 7604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.

 

За испитот по странски јазик в сабота пријавени се: 14 413 за англиски јазик,  59 за француски, 201 кандидат за германски јазик и 15 за руски.

 

По една недела од првиот екстерен испит, саботата на 8 јуни, ќе биде екстерниот испит по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, за кој вкупно се пријавени 15 279 матуранти.  Според податоците од ДИЦ, македонски јазик ќе полагаат 10 386 матуранти, албански 4 566 и турски 327.

 

На 11 јуни е полагањето на третиот екстерен испит. Новина годинава е што меѓу предметите  првпат  може да се избере и социологија, за кој се пријавени 569 кандидати. Како и на минатите државни матури, најмногу пријавени има за бизнис (4 206), за историја 2 407, биологија ќе полагаат 3 631, филозофија 2 691, хемија 227, физика 128 и естетика 166 матуранти.

 

На 13 јуни е тестот по математика со 2 049 пријавени  кандидати.

 

За спроведвање на  државната матура се ангажирани 2 388 наставници-тестатори и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и од Бирото за развој на образованието.

 

Согласно со законскиот рок, според кој првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна еден месец по одржувањето на последниот испит, тие се очекуваат до 13 јули 2019.

 

Кандидатите што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може повторно да полагаат во августовската сесија, на 12, 13, 14 и 15 август кога испитите се по ист редослед како и во јуни.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien