ВИДЕО – Прилепчанец живее со отворени рани над 5 години, поради инфекција МРСА никоја болница не сака да го прими

Прилепчанец Тахир Акифоски веќе 5 години живее со незамисливи болки поради тоа што од ногата постојано му тече крв и гној. Откако му ја извадиле протезата за колкот добил инфекција МРСА и сега никој од лекарите не само што не сакаат да го лекуваат, туку не сакале ниту да се доближат до него. Од прилепската болница е препраќан во болниците во Охрид и Скопје, од каде повторно го враќаат во Прилеп. И така со години. Акифоски вели дека оваа голгота не може повеќе да ја издржи.

 

 

„Ме праќаат во Скопје, земи брис, оди таму, таму вика не можиме. Ќе извадиме упат за лежење на болница, нема кревет ми викаат слободен“, кажува Тахир Акифоски.

 

Моментално го гледа неговата сестра која вели дека е срамота ваквиот однос на лекарите и државата кон нејзиниот брат.

 

„Во Скопје и Охрид не сакаат да го фатат ниту со прст. Јас што да му правам? Ми даваат мене дома јод, борова вода, лепенки, гази и ми велат преврзувај си го дома. Јас не сум ниту доктор, ниту сестра“, вели Зухра Акифоска, сестра на Тахир.

 

Акифоска низ солзи раскажува дека се плаши да не се заразат и нејзините деца очајно бара помош од државата, вели дека нејзиниот брат може секој момент да почине ако не му се помогне.

 

„На две места горе на ногата има дупка и му течи гној и крв. А исто така му течи и долу од ногата, ова е катастрофа. Јас не знам како лекарите немаат малку чувство, срамота е да прават вакви работи“, додава Акифоска.

 

Од прилепската болница ја потврдуваат серизноста на случајот и велат дека ги презеле сите потребни мерки за лекување на Акифоски. Признаваат дека само во последните 3 години 20-тина пати е праќан за хоспитализирање на клиниките во Охрид и Скопје, но бил одбиван. Велат дека поради инфекцијата МРСА не можеле да го хоспитализираат и да извршат хируршка интервенција во Прилеп бидејќи немале соодветни просторни услови и обучен медицински персонал. Се плашат дека бактеријата можела да се прошири во хирушките сали и одделенија.

 

Акифоски пак бараат итна интервеција од надлежните затоа што од тоа зависел од и неговиот живот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи