Вицепремиерот Бујар Османи е фатен на снимка на која се гледа како со службениот автомобил поминува на црвено, а вози и по сообраќаен остров.
На социјалните мрежи веднаш следеа лавина коментари дека за функционерите не важат законите, или дека вака никогаш нема да влеземе во Европа.
„Кога си со службено возило законите не вaжaт за тебе“, пишува Фуркан Салиу кој го сподели видеото.
Да потсетиме, вчера заменик министерот за култура Владимир Лазовски учествуваше во сообраќајна несреќа, кога со службеното возило, преминувајќи преку полна линија се судри со мотоцикл.