Од 10 до 30 јуни во Македонија ќе се спроведува пробен попис во 13 општини. Една од нив е и Прилеп каде денеска беа присутни претставници на Државниот Завод за статистика. Овој пробен попис требало да претставува еден вид симулација на главниот попис кој треба да се одржи во април идната година. Со него ќе се провереле како функционираат сите инструменти за успешно спроведување на оваа најголема статистичка операција.
„Тоа нам ќе ни послужи да видиме дали сме на вистинскиот пат, што треба да се подобри, што треба да се корегира, за да можеме следната година да бидеме сериозно, професионално подготвени за успешно спроведување на таа навистина најголема статистичка операција“, истакна Јасмина Ѓорѓиева, коордиинатор на Секторот за дисеминација и односи со јавност.
Од Заводот за статистика ги повикуваат граѓаните со доверба да ги примат попишувачите за да на таков начин помогнат околу реализирање на пописот. Основен услов за да се пошише некој било тоа да покаже документ на кој ќе биде неговиот матичен број.
„Исто една од новините е што овој пат ќе се попишуваат и лицата кои се иселени во странство. Затоа апелирам до граѓаните кои се опфатени во пописните кругови за пробниот попис, а и следната година за главниот попис, доколку имаат лица од семејството кои се надвор во странство, ако можат да обезбедат матични броеви, во тој случај ќе можат и нив да ги попишат“, додаде Ѓорѓиева.
За оние пак кои се во странство, за главниот попис следната година било предвидено и самопишување, преку електронска веб апликација. Овој попис имал 3 основни карактеристики со кои се разликувал од другите пописи. Прво единствена надлежна инститиуција била ДЗС. Второ ќе се применувал комбинираниот метод, лице во лице и комбинирање со админиистративнии збирки на податоци кои веќе постојат во државата. И трето ќе се спроведува електронски, нема да има хартиени обрасци.
Резултатите од овој пробен попис нема да бидат објавени никаде, тие ќе користеле само за потребите на Заводот. Инаку освен во Прилеп пробниот попис ќе биде спроведен и во Кисела Вода, Зелениково, Гостивар, Кичево, Струга, Долнени, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Куманово, Кратово и Штип.