На ракометните терени во хотелот „Сонце ГА“ денеска започна меморијалниот ракометен турнир „Таста-Лара“ за ветерани/ки, а кој се одржува во чест на двете наши големи ракометни легенди, Петар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара. Дел од натпреварите се играа тука, а дел поради врнежите во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Ова е прв ваков турнир на ветерани во Македонија.
Погледнете дел од атмосферата од овој вистински спектакл, на кој учествуваа ветерани и ветеранки од Македонија, Србија, Косово. А тука секако беа и македонските легенди од старите и младите ветерани на македонската ракометна репрезентација. Турнирот продолжува и утре.
УЖИВАЈТЕ ВО ВИДЕОТО!!!