Протест на Еурокомпозит пред Влада, поставени и шатори

Поранешните вработени во Еурокомпозит повторно протестираат пред Владата.

 

„Ве известуваме дека денеска 05.06.2019 год. со почеток во 11:00 часот започнат е протест на бившите вработени на Еурокомпозит 11 Октомври од Прилеп, пред Владата на РМ“, соопштуваат од надлежниот синдикат.

 

Пред Владата поставени се и шатори кои ќе останат до исполнување на нивните барања.

 

Од „Еурокомпозит“ за технолошки вишок се прогласени 154 работници кои очекуваат исплата на отпремнини по околу 100.000 денари, а на работа во фирмата се 60-ина работници. Сите заедно бараат и исплата на заостанатите плати и придонесите за шест и пол години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.