ВИДЕО – Со донација на „Чин 4 Сцена 5“ сменета дограмата во Дневниот центар „Ѕуница“ во Прилеп

Во Дневниот центар „Ѕуница“ во Прилеп заврши првата етапа од најавената донација на театарот „Чин 4 Сцена 5“, чии средства од продажбата на влезниците за претставата „Викенд на мртовци“ беа наменети за промена на дограмата во овој Дневен центар.

 

 

„Можам да кажам дека сме прилично задоволни од тоа како излезе работата и би сакал да упатам благодарност до сите оние кои не’ поддржаа во оваа акција и кои ја препознаа нашата цел. Вкупната сума на оваа донација изнесува околу 430.000 денари, изградбата на лифтот ќе чини 240.000, а компјутерите 105.000 денари. Изведовме вкупно 7 претстави на „Викенд на мртовци“, а планиравме 10, така што се надевам дека во иднина ќе ги доиграме и тие 3. Планираме ваквиот вид на хуманитарни претстави во иднина да станат традиционални“, изјави Саша Нацевски, раководител на „Чин 4 Сцена 5“.

 

Нацевски напомена дека втората фаза од донацијата ќе биде наменета за инсталација на лифт за хендикепирани лица во ЦК „Марко Цепенков“, а третата и последна фаза, за набавка на 4 компјутери за посебните паралелки во ООУ„Климент Охридски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.