Градовите со најдобар квалитет на живот во светот

Жителите на Цирих во Швајцарија имаат најдобар квалитет на живот, покажа истражувањето „Mapping the World’s Prices 2019“ на Дојче банк.

 

Истражувањето ги опфаќа трошоците за живот и животниот стандард и ги споредува со квалитетот на живот во 56 града врз основа на различни фактори како што се куповната моќ, безбедноста, здравствените услуги, трошоците за живот, пристапот до сопствен дом, јавниот превоз, загадувањето…

 

На врвот на листата се наоѓа Цирих, а веднаш зад него се и Велингтон (Нов Зеланд), Копенхаген (Данска), Единбург (Велика Британија), Виена (Австрија), Хелсинки (Финска), Мелбурн (Австралија), Бостон (САД), Сан Франциско (САД) и Сиднеј (Австралија).

 

Франкфурт оваа година паднал за четири места, на 13. место, Париз е на 36. место, а Лондон на 41. место.

 

Кога се работи за животниот стандард, помалите градови имаат предност над големите. Така Њујорк по квалитетот на живот го зазеде 31. место.

 

Се на се, мегаполисите, освен Токио, останале во втората половина од листата. Најголемиот град на Нигерија, Лагос, се наоѓа на дното на листата, а го следат Пекинг и Манила.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.