Оставката на Груевски пристигнала во Собрание – се преведува од унгарски на македонски

Оставката од пратеничката функција на Никола Груевски преку нотар, во средата била доставена во македонското Собрание, потврдува првиот човек на Законодавниот дом, Талат Џафери, прецизирајќи дека истата веќе е дадена на превод бидејќи била напишана на унгарски јазик. Поранешниот премиер, кој живее како азилант во Будимпешта, ја испратил оставката со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

 

Оставката пред неколку денови беше најавена на фејсбук профилот на Груевски, по што владејачкото мнозинство реагираше дека тој треба тоа да го стори лично.

 

Сепак, постојат шпекулации дека нејзиното прифаќање би можело да се најде на дневен ред на следната собраниска седница што ќе се одржи во вторник.

 

Пред да најави оставка Груевски, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе одлука да му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот мандат на експремиерот поради неоправдано отсуство од шест месеци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien