Фамозниот мерцедес на Груевски добива нови гуми од 53.000 евра

Блиндираниот Мерцедес, за чијашто набавка екс-премиерот Никола Груевски заработи затворска казна од две години, наместо да се продаде, како што во предизборието најавуваше премиерот Зоран Заев, добива нови гуми. За пневматици за блиндираното возило ќе се потрошат повеќе од 53.000 евра!

 

„Предметот на договор е во два дела и тоа набавка на гуми за стандардни моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 700.000 денари и набавка на гуми за блиндирани моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 3.300.000 денари, додека пак вкупната сума на набавката е 4.720.000 со ДДВ или околу 77.000 евра“, се наведува во набавката.

 

Договорот е склучен помеѓу Слyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата и компанијата  „Мак Ауто Стар“.

 

Се чини ништо од возилата за Брза помош кои што требаше да се набават од парите добиени од продажбата на фамозниот мерцедес.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.