Голем хуманитарен концерт за доизградба на манастирот Св. Атанасие

Голем број музички имиња ќе настапат на хуманитарниот настан за доизградба на манастирот Св. Атанасие во населеното место Ропотово, општина Долнени. Манастирот започна да се гради во октомври 2016 година, кога беа осветени темелите.

 

Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 17.06.2019 (понеделник), со почеток од 18:00 часот, во О.У. „Ѓорче Петров” во Ропотово. Ќе настапат: Јордан Митев, Група Маестрал, Ирена Спасовска, Оливер Лозаноски, Снеже Радичевска, Дамјан Стојаноски, Сања Ристеска, Спасен Сиљаноски и Далибор Ѓошиќ.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien