Од денес возачите ќе полнат поевтини горива во своите автомобили, откако Регулаторна ги објави новите цени на горивата за наредните 7 дена. Од ноќеска на сите бензински станици горивата се точат по цени поевтини за 3 односно 2,5 денари по литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Малопродажната цена пак на дизелот ќе биде 60 денари за литар.
Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 отсто.
112