ОБСЕ повикува СЈО да работи непречено

Facebook
Twitter
Email
Print

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во  Македонија Клеменс Која денеска изрази загриженост во врска законот за специјалното јавно обвинителство, што е предмет на разговори меѓу владејачките партии и опозицијата, како и за мандатот на СЈО и ги повика сите партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи.

 

Тој во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, кажа и дека исто така е важно обвинителството да продолжи да работи на независен и професионален начин.

 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности. Според неа, СЈО во изминатите 3 и пол години се обидува да остане во рамките на мандатот, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди.

 

Извештајот на ОБСЕ се однесува на работата на СЈО од ноември 2016 до ноември 2018 година, односно набљудувачи на мисијата следеле 20 случаи на обвинителството за кои обвиненија биле поднесени пред јуни 2017 година. Исто така се однесува и за времетраењето на постапките, просечната ефикасност и управување со судските процеси, за правичноста и еднаквоста на оружјата, како и за независноста и непристрасноста на судот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи