Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска изјави дека моментално се водат предистраги за неколку актуелни функционери за сторен економски криминал и корупција.
„Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни“, рече Рускоска на Конференција за заедничка борба и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал што се одржува во Јавното обвинителство.
На конференцијата присуствуваше и државниот обвинител Љубимир Јовевски, националниот јавен обвинител на Италија за гонење на мафија и тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо и директорот на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност.
Во рамки на посетата Јовевски и Кафиеро Де Рахо ќе потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.