МВР ќе вработува 600 нови полицајци

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. Според огласот најмногу полицајци – 150 ќе се вработат во Скопје, 70 во Охрид, 50 во Струмица, 20 во Велес и по 10 во Битола, Тетово, Штип и Куманово. Предвидено е 270 полицајци да се вработат и во регионалните центри за гранични работи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

 

Да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

 

Потребна телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, односно 165 сантиметри за жени и висока лична физичка подготвеност

 

Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

 

Административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности, психолошки тест, писмено тестирање, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.