Спасовски најавува камери за електронски надзор на сообраќајот

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи изготува законски измени со цел да се воведе електронски систем во надзор на безбедноста на сообраќајот со поставување безбедносни камери, кои ќе можат да препознаат одредени прекршоци и директно да изрекуваат казни за сторителите со што ќе се намали еветнуалното влијание на човечкиот фактор и ќе се скрати времето на изрекувањето на казните.

 

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој учествуваше на тркалезната маса за проектот „Безбедно дома“, а давајќи коментар на состојбата со сообраќајните несреќи.

 

Спасовски не прецизираше кога би се случиле законските измени, кои би овозможиле  поставување безбедносни камери за сообраќајните прекршоци, но напомена дека во земјава е потребно подигнување на јавната свест и зголемување на сообраќајната култура.

 

Истакна дека на булевар „Борис Трајковски“ од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење, а еден од учесниците во вчерашна сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година.

 

„Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Упатувам апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот“, рече министерот за внатрешни работи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи