Од денес почнува издавањето на новите регистарски таблички со ознаката NМК

Facebook
Twitter
Email
Print

Согласно со обврските од Преспанскиот договор од денес ќе почнат да се издаваат новите регистарски таблички за возилата, на кои кратенката МК се заменува со NМК. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

 

Први ќе ги добијат возилата кои за прв пат се регистрираат во државава или пак оние возачи кои имаат оштетени или изгубени таблички. Останатите пак, оваа обврска ќе мора да ја направат најдоцна до февруари 2024 година и за нив ќе мора да доплатат 1.450 денари, при што ќе бодијат и нова сообраќајна книшка.

 

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи