Две милијарди луѓе немаат вода за пиење

Facebook
Twitter
Email
Print

Повеќе од две милијарди луѓе ширум светот се уште немаат пристап до вода за пиење, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.

 

Значителен напредок е постигнат од крајот на минатиот век, бидејќи од 2000 година 1,8 милијарди луѓе добија можност пешки да дојдат за 30 минути до достапна вода за пиење, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација.

 

Сепак, околу 2,2 милијарди луѓе се уште немаат пристап до питка вода, што вклучува 785 милиони луѓе кои немаат заштитен извор на вода на растојание од половина час, стои во извештајот.

 

Непрочистена површинска вода пијат 144 милиони луѓе. Многу болести – како дијареа, колера, тифус, хепатитис А – можат да бидат елиминирани кога ширум светот би била достапна вода за пиење и тоалети поврзани со контролиран канализациски систем.

 

Исто така, ќе се намали и ширењето на цревни паразити и очни бактериски инфекции.

 

Во извештајот се вели дека 4,2 милијарди луѓе немаат пристап до тоалети со безбедни одводи, а 673 милиони луѓе се уште вршат нужда на отворено. Споредено со 2000 година, кога нужда на отворен простор вршеле 21 процент од населението, сега изнесува девет проценти.

 

Меѓутоа, во 39 земји бројот на луѓе без тоалети всушност се зголемил, првенствено во субсахарска Африка, каде што има значително зголемување на населението.

 

Три милијарди луѓе се уште немаат основни хигиенски услови, кои се дефинираат како поседување тоалет, кој не го користат повеќе домаќинства и поседување мијалници со сапун и вода во куќа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи