Прилепското дуо „Cyrillic“ не изненади со нов одличен ремикс и летен хит, овој пат од евровизиската „Proud“ на Тамара Тодевска.
Браќата Бојан и Андреј, кои се вистинско освежување на македонската сцена, периодов се доста активни и со авторска музика и хитови како „Доволни“ во соработка со Валери.
Дека одлично се снаоѓаат со ремиксите претходно ни докажаа со неколку преработки, меѓу кои и одличната „Доживотно“ од Елена Ристеска.