Фејсбук денеска најави воспоставување на крипто – валута наречена „Либра“ со цел да ја прошири својата дејност надвор од социјалната мрежа. „Фејсбук“ планира да ја лансира новата валута во првата половина на наредната година.
Како и кај повеќето криптовалути, „Либра“ ќе биде управувана и обезбедена од страна на кој било учесник што има пристап до компјутер.
Социјалната мрежа исто така создала подружница наречена „Калибра“ која ќе понуди и дигитални паричници за зачувување, праќање и трошење на Либри. „Калибра“ ќе биде поврзана и со платформите на „Фејсбук“ за испраќање на пораки.
Со оглед на тоа дека „Фејсбук“ го користат околу 2 милијарди луѓе, неговата планирана криптовалута либра може да стане значајна златна кокошка за социјалните мрежи и потенцијално да го измени својот конвенционален финансиски модел.