Со целовечерниот концерт на КУД „Илинден“ започнува Прилепското културно лето

 Со концерт на Културно-умтничкото друштво „Илинден” од Битола, вечер во големата сала од центарот за култура „Марко Цепенков” започнува традиционалната манифестација „Прилепско културно лето”.

 

Вечерашниот концерт на КУД „Илинден” што ќе се одржи од 20.30 часот е насловен „Градски приказни” , зашто Друштвото сака преку музиката, оставена како културно наследство од нашите претци, да ги разбуди чувствата кај публиката, особено со звуците на македонската чалгија.

 

“Овој проект прави еден совршен спој помеѓу истокот и западот, едно патешествие кое ќе ги допре и ориентот и медитеранот, преку звуците на врвните инструменталисти дел од чалгискиот оркестар на КУД „Илинден“ Битола, преку изведбата на фолклористите и преку извонредните градски костими кои ги има ова културно уметничко друштво. Дел од репертоарот ќе бидат Буките, Поседница, На визита, Охридски градски игри, битолски градски игри, влашки игри од Крушево. Проектот исто така ќе го одразува мултикултурниот карактер на Битола и нашата држава, преку влијанијата кои ги имаат сите народи и етникоми кои живеат во Република Македонија“, велат од КУД “Илинден“ од Битола.

 

До крајот на август, манифестацијата ќе понуди 20-ина културни настани, главно, сценско-музички. Ќе се одржат музички концерти, гостување на „Танец”, концерт на пијано на наши уметници кои живеат во Германија, гостување на Фолклорно друштво од Унгарија и други културни настани кои ќе го привлечат вниманието на публиката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien