Врховен ја одложи затворската казна за Гордана Јанкулоска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешната министерка за внатрешни работи нема да оди во затвор на 1-ви јули затоа што Врховниот суд донел одлука со која го одложува извршувањето на казната. Оваа одлука важи за случајот „Тенк“ во кој Јанкулоска е осудена правосилно на 4 години затвор за злоупотреба на службената положба.

 

„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува“, се вели во соопштението на основниот суд.

 

Врховниот суд цени дека Јанкулоска не треба да ја извршува казната се додека не донесат одлука за вонредно преиспитување на пресудата.

 

Поранешната министерка прво беше осудена на 6 години затвор, кој Апелација го преиначи и ја намали казната на четири години.

 

Покрај Јанкулоска, за случајот „Тенк“ осудени се и поранешниот премиер Никола Груевски на две години затвор, и поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски кој беше осуден на шест години и шест месеци затвор. На Поповски Апелацискиот суд му ја намали казната на 4,5 години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи