Заменик министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка поради немањето реформи во секторот

Facebook
Twitter
Email
Print

Заменик министерот за образование Петар Атанасов преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека поднесува оставката од функцијата, но и од учество во сите останати проекти на Министерството за образование и наука.

 

Во подолгото образложение на оставката до премиерот Зоран Заев наведува дека во изминативе десет месеци во Министерството ништо позначајно не се случувало.

 

„Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите. Во изминатите неполни 10 месеци, со големо задоволство и верба ја прифатив поканата да ја извршувам оваа функција. Влегов во систем кој со години не само што не се менувал, туку и многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро“, пишува Атанасов во отвореното писмо.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи