Амбасадорот на Русија во Македонија Сергеј Баздникин во посета на Музејот за тутун и Институтот за тутун во Прилеп

Во рамките на одбележувањето на Денот на Руската федерација, а во организација на Сојузот на Здруженија за руско македонско пријателство – Македонија и прилепското МРД, денеска во посета на градот под Марковите кули беше присутен Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

 

Организираната манифестација беше насловена као „Отворено во  Музејот за тутун и Институтот за тутун во Прилеп“, а причината за посетата на истата е што во Музејот за тутун се наоѓа збирка од 54 слики на руски автори, кои за првпат денес, беа презентирани во јавноста.

 

„Интересно е да се видат активностите со кои се бави овој Институт, да се запознаам со нив. Во кои области би можеле да имаме меѓусебна соработка. Им благодарам за поканата да дојдам и да го посетам Институтот за тутун како голема благодарност и до градоначалникот Илија Јованоски кој не удостои со своето присуство. Ние ќе се залагаме за натамошно унапредување на соработката со Македонија, а токму тука би можеле соработката да ја прошириме. Интересно е да се видат и изложените слики од руските сликари, а во иднина може и да направиме некоја заедничка изложба“, посочи Амабсадорот Сергеј Баздникин.

 

„Најпрво сакам да се заблагодарам за денешната посета на Амбасадорот на Република Русија Сергеј Баздникин како и на иницијативата за посета на Институтот за тутун  кој е една од најстарите институции во нашата земја од областа на тутунската наука и струка. Исто така се заблагодарувам на Здруженија за руско македонско пријателство – Македонија и прилепското МРД чија идеа беше денешната посета, да се видат руските слики кои Институтот ги има во своја сопственост. На денешната средба ги запознавме со дејноста на институцијата, со организациската поставеност на Институтот, акредитираните лаборатории кои ги имаме 5 на број, извештаите кои произлегуваат од нив за квалитетот на тутунот и семенскиот материјал, производствената дејност, посочи д-р Гордана Мицеска директор на Институтот за тутун.

 

Научниот институтот за тутун од Прилеп (НИТП) е единствената институција од ваков вид во нашата држава, чија основна задача е унапредување на производството, обработка, преработка и економиката на тутунот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи