Идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Проески

Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговата трагична смрт.

 

Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150.000 евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

 

„Според конкурсот на Министерството за култура, за користење на капитални дотации за финансирање капитални ивнестициски проекти од областа на културата, Владата на Република Северна Македонија до 30 јуни ќе ги добие предлог-проектите за финансирање, во кои спаѓа и гробното место на Тоше Проески. До 15 декември ќе се реализираат финансираните проекти, повторно според повикот на Министерството“, вели Сотир Габелоски, задолжен за односи со јавност во Општина Крушево.

 

Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше. Меѓу другото, затоа што објектот беше и поголем и поскап.

 

Чаушевски и е познат на македонската јавност по неколку идејни решенија за објекти што се дел од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои – новата фасада на Владата и преслекувањето на ГТЦ во барок (што не се реализираше).

 

Следните фотографии го прикажуваат идејното решение од неколку агли, а ги добија од „360 степени“ по барање упатено до општината.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи