ВИДЕО – Прилепски „Водовод“ го воведе најсовремениот и единствен од ваков тип ГИС систем во Македонија

ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп го воведе најсовремениот и единствен од ваков тип ГИС систем во Македонија. Со помош на гео скенер и друга софистицирана опрема може дури 8 метри под земја да се детектираат сите подземни инсталации и да се увиди дали некаде има пукнато цевка и дали има губитоци на вода. Проблемите во канализацијата пак ќе се детектираат и со камера која ќе се пушта во цевките. Додека пак со други посебни детектори ќе се лоцира другата подземна инсталација за да не се оштети додека се копа.

 

 

„Од денес ние имаме можност да ги собериме податоците за целата наша подземна инфраструктура, за сите инсталации, за дефектите кои настануваат, начинот на кој се санираат дефектите. Ќе имаме адресар за секој наш корисник. Ќе имаме можност да ја пратиме состојбата на водомерите, состојбата на плаќање на нашите корисници и слично“, велии Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

 

Направен е подземен катастар на целата водоводна и канализациона мрежа во градот и преку посебен софтвер ќе се раководи целиот овој систем за детектирање на проблемите.

 

„Одделението за развој и инвестиции работеше 3 месеци претходно за да ја припреми целокупната архива на техничката документација на нашето водоводно претпријатие. Со помош на оваа алатка ние можеме да ги пребаруваме, анализираме и да ги прегледуваме податоците на географската подлога“, изјави Данче Јошеска, ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

 

Со системот се очекува да се намалат губитоците и кражбите на вода. Поголем дел од овој проект е финансиран од ЕУ фондовите, а дел сопствени средства на претпријатието.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien