Зошто Градскиот Саат во Прилеп со месеци не е осветлен ?

Веќе неколку месеци најпрепознатливот белег на Прилеп, Градскиот Саат, кој што е срцето и душата на градот, не е осветлен. Рефлекторите кои го осветлуваат засега од непознати причини се исклучени.

 

Граѓаните, но и туристите, прашуваат зошто оваа знаменитост и Споменик на културата заштитен со закон се наоѓа во оваа состојба.

 

Градскиот Саат исто така го нагрдува и покривот од чешмата која се наоѓа до него. Таа беше покриена со бакар, а истиот беше украден. Бакарот подолг период не е заменет.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien