ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ најважна е благосостојбата на политичарите од власта, а граѓаните кои ги изгласаа, и се останато е помалку или воопшто не е важно

Не ја заслуживте довербата на граѓаните на Општина Прилеп. Не ја заслужувате довербата на сите граѓани на Република Македонија. Време е да си одите. Оставете барем нешто не уништено! Обнова на оваа земја мора да има. Прилепчани ќе го казнат ова зло што им се случи, изјавија на денешната прес конференција ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

„Денеска Советот ја одржа својата 28 седница, но симболиката е друга и мора во оваа прилика да спомнеме дека на овој ден пред 98 години беше извршен атентат во Софија над еден од најголемите револуционери што потекнува од Прилеп, Ѓорче Петров. Човекот кој заедно со Гоце Делчев го напишаа Уставот на Внатрешната македонска револуционерна организација и кој целиот свој живот го потроши за идејата преточена низ максимата на Гладстон  „Македонија на Македонците“. Но, симболиката на оваа денешна седница беше сосема друга.

 

Но, на оваа власт важни и се други работи не и идеалите и луѓето кои потрошиле животите за ова парче земја.  Имено поважно од транспарентна постапка и објава на тоа кој го организира „Пиво Фест“ 2019, и одговорите на прашањата за тоа колку истиот чини, како е извршен изборот на организаторот кои стојат неодговорени цела година, е воведувањето на задолжително изучување на албански јазик во сите училишта во градов, а за сметка на тоа нашите сограѓани од малцинските заедници ќе си го пишуваат македонскиот јазик во странски јазици за збогатување на нивните биографии.

 

Не им е важно дали изградба на некој објект, иако е предвидено 8 ќе се распише тендер на 30 милиони без претходна промена на одлуките на Совет, а за сметка на тоа да не знаеме како се чувствувал Гоце Делчев по однос на тоа дали е македонец или нешто друго, со цел да не го доведеме во прашање договорот за добрососедство. Не е важно каде се одлага отпадот од пречистителната станица и дали истиот претставува еколошка бомба, поважни се вработувањата на блиски роднини и партиски послушници за кои против Градоначалникот Илија Јованоски има покрената иницијатива за кривична одговорност од Комисијата за спречување на корупција!

 

И на крајот на денот изгледа најважна е благосостојбата на политичарите од власта, а граѓаните кои ги изгласаа, и се останато е помалку или воопшто не е важно.

 

Не ја заслуживте довербата на граѓаните на Општина Прилеп. Не ја заслужувате довербата на сите граѓани на Република Македонија. Време е да си одите. Оставете барем нешто не уништено! Обнова на оваа земја мора да има. Прилепчани ќе го казнат ова зло што им се случи.

 

За крај би сакал на Претседателот на Советот г-дин Миле Талевски да му го честитам повторниот избор за прв човек на ОО на СДСМ во Прилеп.

 

На објавата за негов избор во еден дел вели „Ви давам збор дека продолжуваме со нова енергија, нов концепт во кој на прво место е интересот на граѓанинот и компромис околу тоа нема да има.“ – и ја користам приликава да го прашам што досега беше на прво место?“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи