Кривична за Рашковски за инцидентот со МНАВ – расправала и Владата

Кривична пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како и докази за негова наводна вмешаност во местење на тендер за опрема за „Македонска Навигација“ (МНАВ) поднесе ВМРО ДПМНЕ до Јавното обвинителство.  Заедно со пријавата доставени се и материјали докази за инволвираноста на Рашковски во тендерот вреден седум милиони евра.

 

„Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра,  иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години“, вели Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, која ја достави пријавата до Јавното обвинителство.

 

Инцидентот со МНАВ беше разгледан и на затоврена седница на Влада, на која донеле заколучоци како да се постапува – но не откриват било какви заклучоци.

 

„Знам дека на последната седница на Влада разговаравме во делот на извештајот за инцидентот што се случил во Македонската навигација.  Донесени се соодветни заклучоци по кои треба да се постапува и во рамки на тоа сите овие прашања треба да се расчистат и благовремено да се информираат“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

 

Владиниот секретар на Фејсбук не го негираше разговорот – но децидно демантира дека на било каков начин се местел тендер. За утре најави прес конференција, а претходно преку социјалните мрежи тврдеше дека разговорот бил снимен од страна на Климент Чепуњовски – сега веќе разрешен директор на техника во МНАВ, кој свесен, вели Рашковски за состјбата во техниката намерно не го потпишувал договорот, праќал писма со навредлива содржина кон ЕБРД, а правел и други незаконски дејствија за кои имало докази доставени во Обвинителството.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.