Ветинг за сите вработени во МВР

Facebook
Twitter
Email
Print

Долго најавуваниот ветинг нa полициските службеници во МВР, наскоро ќе се најде во Собранието, иако не се прецизира кога.

 

„Ние веќе го започнавме процесот на ветинг во УБК, знаете дека се формираше новата Агенција за национална безбедност, веќе се формирани комисиите и имам информација од директорот дека тие веќе се започнати со работа. Значи, ветинг процесот веќе е започнат во УБК и сите можни аспекти за кои говорам јас“,рече Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

 

Со законското решение кое е во фаза на изработка ќе бидат опфатени интегритетот, стручното образование, имотната состојба и евентуалните криминални активности на вработените.

 

„Ние покренавме многу постапки за фалсификување на дипломи. На многу од вработените во МВР кои на тој начин имаа извршено злоупотреба, им беше прекинат работниот однос. Но има и луѓе кои имаат поголем имот од повеќе бизнисмени кои долги години се занимаваат со бизнис. Токму поради тоа ветингот мора да ги утврди овие факти. Иако во моментов постои таква можност и УЈП може за секое лице во државата да отвори процес на контрола на имот и да се утврди на кој начин е стекнат, ние со ветингот ќе собереме докази и ако се утврди ќе биде разрешен“, кажа Спасовски.

 

Освен за во полицијата, ветинг се најавуваше и во судството и во Обвинителството. Но и покрај поддршката што за ваква проверка на судиите и на обвинителите ја дадоа првите луѓе на Кривичниот суд и на Јавното Обвинителство не се презеде ништо конкретно.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи