Се дигитализира системот за справување со кризи

Во Македонија во тек е обуката за дигитализација на системот за менаџирање со кризи, преку кој сите институции задолжени за справување со природни непогоди ќе бидат дигитално обединети, за полесно меѓусебно координирање при евентуална природна криза.
NICS – Next Generation Incident Command System апликацијата претставува дигитализација на Системот за управување со кризи и овозможува командување со ангажираните ресурси (единици, тимови и МТС) во рамките на секоја институција од Системот за управување со кризи, меѓуресорска координација, соработка и комуникација помеѓу институциите ангажирани на справувањето со инцидентите, кризите и кризните состојби, и размена на податоци и информации (текст, слика и видео содржина) во реално време.

Целосната имплементација на NICS проектот, како што беше усвоено на 141. седница на Владата, треба да се реализира до 1 декември 2020 година, што практично значи дека Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, ќе има имплементиран современ дигитален систем за управување со кризи.

Од Центарот за управување со кризи велат дека не се задоволни со ресурсите со кои располагаат, но посочуваат дека ваков проект во голем дел ќе помогне во справувањето со природните непогоди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien