ВИДЕО – Локвенец : Депонијата во Прилеп гори 6 дена, граѓаните се трујат, а власта не е способна да го изгасни пожарот

Од 27 јуни до денес 3 јули градската депонија кај Алинци во близина на Прилеп гори и претставува нова еколопка бомба во срцето на Пелагонија. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјоска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Шест дена депонијата во Прилеп гори, а полето е исполнето со чад и канцерогении состојки, кои се голема закана за здравјето на граѓаните, особено на земјоделците кои работат по нивите, но и вработените во странските фабрики во индустриската зона Алинци.

 

Дали за оваа еколошка катастрофа некој ќе одговара и што ли работат од ЈКП „Комуналец“ под чија надлежност е депонијата ?

 

Загрижен ли е заменик министерот за животна средина Макрадули бидејќи најплодната рамница во Македонија доживува труење од невидени размери ?

 

Дали за оваа штета што се предиизвикува ќе постои одговорност од градоначалникот Илија Јованоски и директорката на „Комуналец“ Ирена Станкоска, или како за се друго луѓето од власта на СДСМ ќе останат недопирливи ?

 

Вака ли изгледа новиот концепт на старо-новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп Миле Талески и вака ли ќе работи во интерес на граѓаните ?

 

Во период кога граѓаните се соочуваат со екстремнии горештини само поради неспособноста на власта мораат да дишат и отровен воздух.

 

За тоа колку е сериозен проблемот зборува и оваа фотографија на која се гледа голем облак од чад над градот, иако надлежните велат дека огнот е ставен под контрола.

 

После скандалот во кој граѓани информираа дека тињата и талогот од пречистителната станица се закопуваат во земјоделско земјиште, ова е втор случај на загадување на животната средина пред кој локалната власт молчи.

 

Толку од ветувањата на градоначалникот за еколошки и чиист град. Умира и последната надеж дека овиеи луѓе ќе направат нешто за Прилеп и прилепчани.

 

Поради нивната неспособност да раководат со општината и јавните претпријатија станаа синоним за неспособност како локално раководство во Република Македонија“, истакна Стерјоска Локвенец.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи