Падна „Тревник“ на СЈО – Латас доби ослободителна пресуда

Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан не се виновни по случајот “Тревник” на СЈО, кој се однесува на бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково, пресуди утрово Кривичниот суд.

 

„Сторител е тој што во моментот врши градба без одобрение на градба или спротивно на одобрението за градба. Надзорот го врши органот за надзор. Во конкретниот случај нема пријава за бесправно градење ни од граѓанин, ни од државен орган. Нема ни решение за уривање. Во 2013 година тие извадиле градежни дозволи за веќе изградените куќи и никој не побарал поништување на тие одобренија“, рече судијката Марија Марковска во образложението на пресудата.

 

Со пресудата, освен што се ослободуваат тројцата браќа, нема да има никаква конфискација или заплена на имот а трошоците од процесот паќаат на товар на државата.

 

Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри. СЈО тврдеше дека овие изградбата на овие три викенд-куќи почнала во 2011 година, а одобренија за градба биле издадени две години подоцна.

 

Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска најави дека СЈО ќе се жали на одлуката на Кривичен суд Скопје кој ги прогласи за невини новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа за случајот „Тревник“.

 

„ Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано“, изјави обвинителката.

 

Во текот на процесот СЈО презентираше „бомби“ и сателитски снимки, а латас тврдеше дека станува збор за политички прогон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien