МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси, бидејќи се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.
Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина.
Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем!