Владата го овласти Заев да креира финансиски политики – Антикорупциска повторно реагира

Владата на вчерашната седница донесе заклучок премиерот Зоран Заев да може да ги насочува дејсвата во областа на финансиите и финаиските политики, како и заклучок заменичката на министерот за финансии Ширет Елези да ги преземе овластувања и одговорности за раководењето со ова Министерство.

 

„На оваа седница беа донесени два заклучока. Првиот дека претседателот на Владата ги насочува дејствата на Владата во работите од областа на финансиите и финансиката политика и спроведување на програмските определби на Владата, согласно член 11 став 1 и став 2 и член 35 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија. Вториот заклучок на Владата е дека констатира оти се настапени условите по член 48 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државата управа согласно кои заменикот министер за финансии ги презема сите овластувања и одговорности за раководењето на министерството за финансии“, рече владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

 

Сепак денес Државната комисија за спречување на корупција повторно му порача на премиерот Зоран Заев дека не може до недоглед да ја извршува неформалната функција министер за финансии и што е можно побрзо да најде раководител на овој ресор кој официјално ќе биде чувар на државната каса.

 

Антикорупционерите на 26 јуни до Собранието доставија известување дека предлогот премиерот Зоран Заев да биде истовремено и министер за финансии е спротивен на Законот за спречување корупција и судир на интереси, бидејќи, согласно Законот, двете функции се неспоиви.

 

„Избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите. Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга“, стои во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien