УНЕСКО: Охрид да прогласи мораториум и да ги урне сите дивоградби до февруари!

УНЕСКО му нареди на Охрид до 1 ви февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата на Светско наследство во опасност.

 

Одлуката се донесе на сесијата во Баку, а истата значи дека охридските власти имаат рок до февруари да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, да ги срушат дивоградбите, да направат детална анализа за состојбите во регионот и да го ревиталзиираат колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото.

 

На денешната дискусија во Баку беше прифатен и предлог-заклучокот да се прошири заштитниот појас околу Охридското езеро во кое ќе влезе и делот од Албанија.

 

Од речиси 1100 нелегални дивоградби, 409 се во заштитениот појас на охридското подрачје, односно на крајбрежјето на Охридското езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот. УНЕСКО пред две години испрати реактивна мисија каде беа испорачани вкупно 19 забелешки кои требаше да се исполнат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.