Дураку стана вицепремиер – додека јавноста реагира, Владата го брани

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот министер за животна средина Садула Дураку, а моментално актуелен министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедници, од вчера е назначен и за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

 

„На денешната седница, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку е назначен за Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.“, накратко стои во соопштението од 142-рата седница на Владата.

 

Овој потег наиде на голем револт, но и потсмев во јавноста, како и корисниците на социјалните мрежи. Низ шега, ваквата одлука ја поврзаа со неговото познавање за користење на интернет пребарувачот „Интернет експлорер“, кое тој го наведе во неговата куса биографија.

 


Неизостана да се стави во контекст и изјавата на Дураку, кој тој ја даде откако си замина од Министерството за животна средина, а во која се вели дека неговото раковедење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина.

 


Но бурните реакции на јавноста, очигледно не ја премислија Владата да го унапреди екс-министерот за животна средина, Садула Дураку. Од таму го бранат дека неговото искуство е добредојдено за Северна Македонија.

 

„Ние се надеваме дека Садула Дураку ќе донесе многу со неговото искуство. Што се однесува до неговите примања, тие ќе бидат исти како и на неговите претходници“, истакна портпаролот на владата, Мухамед Хоџа.

 

Сепак, и натаму останува прашањето со што Садула Дураку го заслужи вицепремиерското место во Владата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи