Голем пожар избувна денес во гасната електрана во Московскиот регион, објави ТАСС, цитирајќи неименуван извор во службите за итни случаи.
Меѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар кој изби денеска во гасна електрана во регионот на Москва, соопшти руското Министерство за енергетика. Извори од Медицинскиот центар за итни случаи велат дека се повредени седум лица, а нивните изгореници се од прв или втор степен.
На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа оган кој високо се крева кон небото.
„На местото на инцидентот се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици пожарникарски возила, хеликоптери и возови“, изјави Зана Терехова, портпарол на итните служби.
В Москве на территории ТЭЦ-27 в районе пересечения Волковского и Осташковского шоссе загорелась станция высокого давления. pic.twitter.com/NUt371OB97
— Рустем Адагамов (@adagamov) July 11, 2019
Според Терехова не постои опасност пожарот да се прошири во населените подрачја, а пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат огнот за еден час.