Денеска навршуваат 24 години од влегувањето на силите на босанските Срби во Сребреница предводени од Ратко Младиќ и масакрот над муслиманското население, во кој животот го загубија 8.372 луѓе, бројка врежана на мермерната плоча поставена во рамки на меморијалниот комплекс во Поточари, како постојан потсетник на размерот на извршенoто злосторство.
Настанот што се случи во Бошњачката енклава во источна Босна и Херцеговина, која формално беше под заштита на Обединетите нации, пет месеци пред завршувањето на војната во Босна, беше квалификуван како најголема бруталност што се случила во Европа по Втората светска војна.
Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во Сребреница се квалификува како геноцид.
До денес, во Меморијалниот центар во Поточари се погребани посмртните останки на 6.610 жртви во геноцидот.
И по 24 години од ужасот над Босанците, сѐ уште не можат да се пронајдат посмртните останки на уште над илјада жртви од геноцидот во Сребреница, закопани во голем број масовни гробници.